ЗгрижувањеЗошто е подобро децата да бидат во згрижувачко семејство отколку во институција?Голема институција, како дом за деца, без разлика колку е опремен или квалитетен персоналот, никогаш не може да ги замени љубовта и поддршката дадена во семејната средина. Не постои ништо што може да го замени семејното опкружување во однос на влијанието врз растот, развојот и целокупната благосостојба на детето.
Бројни студии во областите на невронауката, психологијата и педијатријата, покажуваат дека воспитувањето на децата во грижлива семејна средина обезбедува најдобри резултати во однос на нивниот физички, когнитивен и емоционален развој. Кога се сместени во институции на рана возраст, децата може да имаат потешкотии да развијат здрави емоционални односи, бидејќи не можат да воспостават близок однос со персоналот, на ист начин што би го направиле со семејство со љубов. Во отсуство на таков емоционален и физички контакт што може да го обезбеди само негувател со љубов, децата во институциите се изложени на ризик од задоцнет психолошки, емоционален и физички развој. Кога не е можно, не е безбедно или не е во најдобар интерес на детето да живее со сопственото семејство, згрижувачките семејства ја обезбедуваат најдобрата алтернативна грижа. Тие обезбедуваат повеќе можности за интеракција еден на еден, заштита, поддршка и безбедност. Животот во семејна средина нуди чувство на припадност и идентитет. Тој нуди можности за развивање социјални врски во заедницата.
Што е згрижување?Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство.
Видови на згрижувањеЗгрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.
Прочитај повеќе за видовите за згрижување Од кога згрижувањето е достапно во земјава?Сместувањето во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита е достапно во земјата од 1961 година – тоа било познато како „сместување во друго семејство“.
Оттогаш, бројот на згрижувачки семејства постојано расте, а мрежата постепено се проширува – порано згрижувачките семејства беа концентрирани само во Скопје, но денес згрижувачките семејства се достапни во 13 градови низ државата, вклучително и во Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Крива. Паланка, Велес, Кочани, Пробиштип, Битола и други градови.
Колку деца има во згрижувачки семејства во Македонија?Заклучно со декември 2022, 302 деца се згрижени во 172 згрижувачки семејства.
(Забелешка: овој број ги вклучува децата во СОС Детското село кои се згрижени на лица регистрирани како згрижувачи).
Колку згрижувачки семејства се потребни во Македонија?Постои потреба да се воспостави силна мрежа на згрижувачи што го покрива секој град во земјата, за да се осигура дека децата лишени од родителска грижа продолжуваат да живеат во нивното познато опкружување, опкружување што се одразува на нивното културолошко потекло, и да се обезбеди децата да одржуваат врска со нивните биолошки родители/семејство. Имајќи ги предвид различните профили на деца во ризик, нивната различна возраст и специфичните потреби во однос на времетраењето и видот на потребното сместување, бројот на потребни згрижувачки семејства не може прецизно да се одреди. Сепак, не смееме да заборавиме дека крајната цел е децата да се вратат во своите биолошки семејства, а доколку тоа не е можно – да бидат посвоени, како што дозволуваат околностите.
Треба да ги идентификуваме згрижувачите во секоја општина за да бидат подготвени да обезбедат грижа и заштита на децата и да го олесниме одржувањето на врската со семејството, заедницата и културното потекло на детето.
Кој има право да биде сместен во згрижувачко семејство?Согласно Законот за социјална заштита, во згрижувачко семејство можат да бидат сместени следните категории на корисници:
- дете без родители или без родителска грижа, додека не развие способност за самостојно живеење и работа или најдоцна до завршување на средното образование, доколку нема други можности за згрижување
- дете со социјални или проблеми поврзани со воспитувањето (запоставено, злоупотребено или необезбедено)
- дете со проблеми со социјалното однесување
- лице со умерена или тешка ментална развојна попреченост упатена на обука за работа или продуктивна активност
- лице со најтежок степен на пречки во менталниот развој
- лице со траен телесен инвалидитет
- постара личност
- возрасно лице со физичка попреченост или лице кое не може да се грижи за себе.
Дали има максимално времетраење на згрижувањето?Згрижувачот обезбедува безбеден дом, место каде што сместениот корисник ќе има адекватна грижа, нега, безбедна средина, сигурност, љубов, топлина, услови соодветни на возраста и развојните потреби на корисниците , до нивното враќање во биолошкото семејство, посвојување или постигнување законска полнолетност.
Сакам да станам згрижувачКритериуми за стекнување со статус на згрижувачКритериуми за избор на згрижувачко семејство се:
- Возраст
Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно. Разликата во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице треба да е најмалку 18 и најмногу 50 години. По исклучок, определената разлика во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице не се однесува доколку детето е сместено во роднинско згрижувачко семејство или доколку тоа е во интерес на детето, односно возрасното лице.
- Здравствена состојба
При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба на подносителот на барањето и на сите членови на семејството.
- Подобност
При изборот на згрижувачкото семејство подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството се утврдува од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, кој за тоа доставува извештај до надлежниот центар за социјална работа.
- Материјални услови
При изборот на згрижувачкото семејство се земаат во предвид приходите на семејството, кои се остварени по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето и кои треба да се поголеми од утврдениот износ на правото на гарантиран минимален приход.
- Станбени услови
Станбениот простор и опремата во згрижувачкото семејство треба да одговара на просечна опременост на стан на семејство, согласно бројот на членовите во семејството.
- Обука на згрижувачите
Подготовката, проценката и обуката на згрижувачкото семејство се спроведува од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.
Кои се обврските на згрижувачот кон сместениот корисник (детето)?Згрижувачко семејство обезбедува грижа во безбедна и стимулативна семејна средина за дете кое не може да се грижи за неговото биолошко семејство.
Згрижувачко семејство му обезбедува на детето: сместување, нега, општа и лична хигиена, исхрана, потребна облека и обувки, здравствена заштита, развој, воспитување и образование [ЦСР може да помогне во обезбедувањето училишен прибор во зависност од потребите]. Тие му помагаат на детето да одржува редовни контакти со своите биолошки родители или други блиски роднини [во согласност со решението на релевантниот Центар за социјална работа] и помагаат во исполнувањето на културните, забавните и рекреативните потреби на детето, почитувањето на етничката припадност и верските обичаи.
По стекнување на статус на згрижувачКаква поддршка добива згрижувачкото семејство?Поддршката на лицето и на згрижувачкото семејство е континуирана активност која директно одговара на утврдените потреби на лицето и на згрижувачкото семејство, со цел исполнување на задачите на планот за заштита на лицата, зајакнување на компетенциите на згрижувачкото семејство и задоволување на специфичните потреби на лицето.
Поддршката вклучува:
- советодавни услуги;
- материјална поддршка;
- психо-социјална поддршка;
- едукативни програми за подобрување на компетенциите на згрижувачите за поддршка на развојот на децата;
- индивидуална поддршка за лицето и згрижувачкото семејство и работа за надминување на проблемите;
- координирање на мрежата за социјална поддршка за деца и згрижувачки семејства;
- други форми на поддршка според потребите на лицето и на згрижувачкото семејство.
Стручниот работник од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства ја интензивира својата поддршка во кризни ситуации и или во период на подготовка на детето за училиште, избор на средно училиште, како и во периодот на осамостојување на лицето.
Стручниот работник за згрижување обезбедува посебна поддршка на семејствата кои згрижуваат деца во ризик, децата со посебни таленти и лица со попреченост.
Се стекнавме со статус на згрижувачко семејство, што е следно?По претходна проценка на Центарот за социјална работа за потреба од сместување во згрижувачко семејство, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства прави избор на најсоодветно згрижувачко семејство. По направената проценка доколку сте избрани за најсоодветно семејство се врши подготовка од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства за конкретното лице кое треба да биде сместено кај Вас.
Се стекавме со статус на згрижувачко семејство, зошто сè уште нема сместени корисници?Проценката и одлуката за сместување на корисник во Вашето семејство ја донесува Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства по претходно направена проценка на потребите и потенцијали на детето, степеност на изложеност на социјален ризик и потенцијалите и компетенциите на Вашето згрижувачко семејство.
Како згрижувачките семејства му ја објаснуваат ситуацијата на детето? Каков однос треба да има помеѓу згрижувачкото семејство и биолошкото семејство?Згрижувачкото семејство треба да го поддржува и одржува односот на детето со неговото биолошко семејство, доколку тоа е во интерес на детето, но секогаш со поддршка и соработка со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и Старателскиот Орган. Центарот за социјална работа или стрателскиот Орган ја одредува динамиката и начинот на реализирање на контактите на детето со биолошкото семејство.
Надоместок за згрижувањеДали добивам надоместок за згрижување и колку изнесува?Финансискиот надоместок за згрижување се одредува согласно Одлуката за цената на социјалната услуга за 2022 година според видот на згрижување.
Нето износите може да ги погледнете тука Кои се условите за стекнување на правото на траен надоместок за згрижувач?Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа. Правото не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачкото семејство. Висината на трајниот надоместок за згрижувачот изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право го пропишува министерот.
ПосвојувањеКоја е разликата помеѓу згрижување и посвојување?Постои значајна разлика помеѓу посвојувањето и згрижувањето.
При посвојување на дете, родителското право трајно се пренесува на посвоителите и со тоа доаѓаат и трајните обврски кои доаѓаат со родителството. Од друга страна, згрижувањето е привремено згрижување. Старателството на детето останува на државата. Згрижувачот му обезбедува на детето безбеден дом во кој детето добива грижа до моментот на неговото враќање во биолошкото семејство, посвојување или полнолетство. Исто така, згрижувачот добива месечен надоместок за покривање на трошоците за грижа за детето.
Друга разлика е во тоа што посвојувањето е еднократен процес за да се обезбеди најдоброто усогласување помеѓу родителите и детето, а врската со детето е доживотна. Врската со Центарот за социјална работа продолжува сè додека семејството не се среди добро. Станувањето згрижувачки родител е исто така еднократен процес, но постои постојан однос со Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачките семејства бидејќи старателството на детето останува на државата; тоа значи дека Центаррите го следат згрижувачкото семејство и работат на тоа да обезбедат трајно решение да биде направено во најдобар интерес на детето.
Сличноста помеѓу згрижувањето и посвојувањето е во тоа што и двете обезбедуваат топла семејна средина со љубов.
Голема институција, како дом за деца, без разлика колку е опремен или квалитетен персоналот, никогаш не може да ги замени љубовта и поддршката дадена во семејната средина. Не постои ништо што може да го замени семејното опкружување во однос на влијанието врз растот, развојот и целокупната благосостојба на детето.
Бројни студии во областите на невронауката, психологијата и педијатријата, покажуваат дека воспитувањето на децата во грижлива семејна средина обезбедува најдобри резултати во однос на нивниот физички, когнитивен и емоционален развој. Кога се сместени во институции на рана возраст, децата може да имаат потешкотии да развијат здрави емоционални односи, бидејќи не можат да воспостават близок однос со персоналот, на ист начин што би го направиле со семејство со љубов. Во отсуство на таков емоционален и физички контакт што може да го обезбеди само негувател со љубов, децата во институциите се изложени на ризик од задоцнет психолошки, емоционален и физички развој. Кога не е можно, не е безбедно или не е во најдобар интерес на детето да живее со сопственото семејство, згрижувачките семејства ја обезбедуваат најдобрата алтернативна грижа. Тие обезбедуваат повеќе можности за интеракција еден на еден, заштита, поддршка и безбедност. Животот во семејна средина нуди чувство на припадност и идентитет. Тој нуди можности за развивање социјални врски во заедницата.
Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство.
Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.
Прочитај повеќе за видовите за згрижувањеСместувањето во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита е достапно во земјата од 1961 година – тоа било познато како „сместување во друго семејство“.
Оттогаш, бројот на згрижувачки семејства постојано расте, а мрежата постепено се проширува – порано згрижувачките семејства беа концентрирани само во Скопје, но денес згрижувачките семејства се достапни во 13 градови низ државата, вклучително и во Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Крива. Паланка, Велес, Кочани, Пробиштип, Битола и други градови.
Заклучно со декември 2022, 302 деца се згрижени во 172 згрижувачки семејства.
(Забелешка: овој број ги вклучува децата во СОС Детското село кои се згрижени на лица регистрирани како згрижувачи).
Постои потреба да се воспостави силна мрежа на згрижувачи што го покрива секој град во земјата, за да се осигура дека децата лишени од родителска грижа продолжуваат да живеат во нивното познато опкружување, опкружување што се одразува на нивното културолошко потекло, и да се обезбеди децата да одржуваат врска со нивните биолошки родители/семејство. Имајќи ги предвид различните профили на деца во ризик, нивната различна возраст и специфичните потреби во однос на времетраењето и видот на потребното сместување, бројот на потребни згрижувачки семејства не може прецизно да се одреди. Сепак, не смееме да заборавиме дека крајната цел е децата да се вратат во своите биолошки семејства, а доколку тоа не е можно – да бидат посвоени, како што дозволуваат околностите.
Треба да ги идентификуваме згрижувачите во секоја општина за да бидат подготвени да обезбедат грижа и заштита на децата и да го олесниме одржувањето на врската со семејството, заедницата и културното потекло на детето.
Согласно Законот за социјална заштита, во згрижувачко семејство можат да бидат сместени следните категории на корисници:
- дете без родители или без родителска грижа, додека не развие способност за самостојно живеење и работа или најдоцна до завршување на средното образование, доколку нема други можности за згрижување
- дете со социјални или проблеми поврзани со воспитувањето (запоставено, злоупотребено или необезбедено)
- дете со проблеми со социјалното однесување
- лице со умерена или тешка ментална развојна попреченост упатена на обука за работа или продуктивна активност
- лице со најтежок степен на пречки во менталниот развој
- лице со траен телесен инвалидитет
- постара личност
- возрасно лице со физичка попреченост или лице кое не може да се грижи за себе.
Згрижувачот обезбедува безбеден дом, место каде што сместениот корисник ќе има адекватна грижа, нега, безбедна средина, сигурност, љубов, топлина, услови соодветни на возраста и развојните потреби на корисниците , до нивното враќање во биолошкото семејство, посвојување или постигнување законска полнолетност.
Критериуми за избор на згрижувачко семејство се:
- Возраст
Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно. Разликата во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице треба да е најмалку 18 и најмногу 50 години. По исклучок, определената разлика во возраста меѓу згрижувачот и сместеното лице не се однесува доколку детето е сместено во роднинско згрижувачко семејство или доколку тоа е во интерес на детето, односно возрасното лице.
- Здравствена состојба
При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба на подносителот на барањето и на сите членови на семејството.
- Подобност
При изборот на згрижувачкото семејство подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството се утврдува од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, кој за тоа доставува извештај до надлежниот центар за социјална работа.
- Материјални услови
При изборот на згрижувачкото семејство се земаат во предвид приходите на семејството, кои се остварени по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето и кои треба да се поголеми од утврдениот износ на правото на гарантиран минимален приход.
- Станбени услови
Станбениот простор и опремата во згрижувачкото семејство треба да одговара на просечна опременост на стан на семејство, согласно бројот на членовите во семејството.
- Обука на згрижувачите
Подготовката, проценката и обуката на згрижувачкото семејство се спроведува од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.
Згрижувачко семејство обезбедува грижа во безбедна и стимулативна семејна средина за дете кое не може да се грижи за неговото биолошко семејство.
Згрижувачко семејство му обезбедува на детето: сместување, нега, општа и лична хигиена, исхрана, потребна облека и обувки, здравствена заштита, развој, воспитување и образование [ЦСР може да помогне во обезбедувањето училишен прибор во зависност од потребите]. Тие му помагаат на детето да одржува редовни контакти со своите биолошки родители или други блиски роднини [во согласност со решението на релевантниот Центар за социјална работа] и помагаат во исполнувањето на културните, забавните и рекреативните потреби на детето, почитувањето на етничката припадност и верските обичаи.
По стекнување на статус на згрижувачКаква поддршка добива згрижувачкото семејство?Поддршката на лицето и на згрижувачкото семејство е континуирана активност која директно одговара на утврдените потреби на лицето и на згрижувачкото семејство, со цел исполнување на задачите на планот за заштита на лицата, зајакнување на компетенциите на згрижувачкото семејство и задоволување на специфичните потреби на лицето.
Поддршката вклучува:
- советодавни услуги;
- материјална поддршка;
- психо-социјална поддршка;
- едукативни програми за подобрување на компетенциите на згрижувачите за поддршка на развојот на децата;
- индивидуална поддршка за лицето и згрижувачкото семејство и работа за надминување на проблемите;
- координирање на мрежата за социјална поддршка за деца и згрижувачки семејства;
- други форми на поддршка според потребите на лицето и на згрижувачкото семејство.
Стручниот работник од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства ја интензивира својата поддршка во кризни ситуации и или во период на подготовка на детето за училиште, избор на средно училиште, како и во периодот на осамостојување на лицето.
Стручниот работник за згрижување обезбедува посебна поддршка на семејствата кои згрижуваат деца во ризик, децата со посебни таленти и лица со попреченост.
Се стекнавме со статус на згрижувачко семејство, што е следно?По претходна проценка на Центарот за социјална работа за потреба од сместување во згрижувачко семејство, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства прави избор на најсоодветно згрижувачко семејство. По направената проценка доколку сте избрани за најсоодветно семејство се врши подготовка од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства за конкретното лице кое треба да биде сместено кај Вас.
Се стекавме со статус на згрижувачко семејство, зошто сè уште нема сместени корисници?Проценката и одлуката за сместување на корисник во Вашето семејство ја донесува Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства по претходно направена проценка на потребите и потенцијали на детето, степеност на изложеност на социјален ризик и потенцијалите и компетенциите на Вашето згрижувачко семејство.
Како згрижувачките семејства му ја објаснуваат ситуацијата на детето? Каков однос треба да има помеѓу згрижувачкото семејство и биолошкото семејство?Згрижувачкото семејство треба да го поддржува и одржува односот на детето со неговото биолошко семејство, доколку тоа е во интерес на детето, но секогаш со поддршка и соработка со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и Старателскиот Орган. Центарот за социјална работа или стрателскиот Орган ја одредува динамиката и начинот на реализирање на контактите на детето со биолошкото семејство.
Надоместок за згрижувањеДали добивам надоместок за згрижување и колку изнесува?Финансискиот надоместок за згрижување се одредува согласно Одлуката за цената на социјалната услуга за 2022 година според видот на згрижување.
Нето износите може да ги погледнете тука Кои се условите за стекнување на правото на траен надоместок за згрижувач?Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа. Правото не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачкото семејство. Висината на трајниот надоместок за згрижувачот изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право го пропишува министерот.
ПосвојувањеКоја е разликата помеѓу згрижување и посвојување?Постои значајна разлика помеѓу посвојувањето и згрижувањето.
При посвојување на дете, родителското право трајно се пренесува на посвоителите и со тоа доаѓаат и трајните обврски кои доаѓаат со родителството. Од друга страна, згрижувањето е привремено згрижување. Старателството на детето останува на државата. Згрижувачот му обезбедува на детето безбеден дом во кој детето добива грижа до моментот на неговото враќање во биолошкото семејство, посвојување или полнолетство. Исто така, згрижувачот добива месечен надоместок за покривање на трошоците за грижа за детето.
Друга разлика е во тоа што посвојувањето е еднократен процес за да се обезбеди најдоброто усогласување помеѓу родителите и детето, а врската со детето е доживотна. Врската со Центарот за социјална работа продолжува сè додека семејството не се среди добро. Станувањето згрижувачки родител е исто така еднократен процес, но постои постојан однос со Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачките семејства бидејќи старателството на детето останува на државата; тоа значи дека Центаррите го следат згрижувачкото семејство и работат на тоа да обезбедат трајно решение да биде направено во најдобар интерес на детето.
Сличноста помеѓу згрижувањето и посвојувањето е во тоа што и двете обезбедуваат топла семејна средина со љубов.
Поддршката на лицето и на згрижувачкото семејство е континуирана активност која директно одговара на утврдените потреби на лицето и на згрижувачкото семејство, со цел исполнување на задачите на планот за заштита на лицата, зајакнување на компетенциите на згрижувачкото семејство и задоволување на специфичните потреби на лицето.
Поддршката вклучува:
- советодавни услуги;
- материјална поддршка;
- психо-социјална поддршка;
- едукативни програми за подобрување на компетенциите на згрижувачите за поддршка на развојот на децата;
- индивидуална поддршка за лицето и згрижувачкото семејство и работа за надминување на проблемите;
- координирање на мрежата за социјална поддршка за деца и згрижувачки семејства;
- други форми на поддршка според потребите на лицето и на згрижувачкото семејство.
Стручниот работник од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства ја интензивира својата поддршка во кризни ситуации и или во период на подготовка на детето за училиште, избор на средно училиште, како и во периодот на осамостојување на лицето.
Стручниот работник за згрижување обезбедува посебна поддршка на семејствата кои згрижуваат деца во ризик, децата со посебни таленти и лица со попреченост.
По претходна проценка на Центарот за социјална работа за потреба од сместување во згрижувачко семејство, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства прави избор на најсоодветно згрижувачко семејство. По направената проценка доколку сте избрани за најсоодветно семејство се врши подготовка од страна на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства за конкретното лице кое треба да биде сместено кај Вас.
Проценката и одлуката за сместување на корисник во Вашето семејство ја донесува Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства по претходно направена проценка на потребите и потенцијали на детето, степеност на изложеност на социјален ризик и потенцијалите и компетенциите на Вашето згрижувачко семејство.
Згрижувачкото семејство треба да го поддржува и одржува односот на детето со неговото биолошко семејство, доколку тоа е во интерес на детето, но секогаш со поддршка и соработка со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства и Старателскиот Орган. Центарот за социјална работа или стрателскиот Орган ја одредува динамиката и начинот на реализирање на контактите на детето со биолошкото семејство.
Финансискиот надоместок за згрижување се одредува согласно Одлуката за цената на социјалната услуга за 2022 година според видот на згрижување.
Нето износите може да ги погледнете тукаПраво на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа. Правото не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачкото семејство. Висината на трајниот надоместок за згрижувачот изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право го пропишува министерот.
ПосвојувањеКоја е разликата помеѓу згрижување и посвојување?Постои значајна разлика помеѓу посвојувањето и згрижувањето.
При посвојување на дете, родителското право трајно се пренесува на посвоителите и со тоа доаѓаат и трајните обврски кои доаѓаат со родителството. Од друга страна, згрижувањето е привремено згрижување. Старателството на детето останува на државата. Згрижувачот му обезбедува на детето безбеден дом во кој детето добива грижа до моментот на неговото враќање во биолошкото семејство, посвојување или полнолетство. Исто така, згрижувачот добива месечен надоместок за покривање на трошоците за грижа за детето.
Друга разлика е во тоа што посвојувањето е еднократен процес за да се обезбеди најдоброто усогласување помеѓу родителите и детето, а врската со детето е доживотна. Врската со Центарот за социјална работа продолжува сè додека семејството не се среди добро. Станувањето згрижувачки родител е исто така еднократен процес, но постои постојан однос со Центарот за социјална работа и Центарот за поддршка на згрижувачките семејства бидејќи старателството на детето останува на државата; тоа значи дека Центаррите го следат згрижувачкото семејство и работат на тоа да обезбедат трајно решение да биде направено во најдобар интерес на детето.
Сличноста помеѓу згрижувањето и посвојувањето е во тоа што и двете обезбедуваат топла семејна средина со љубов.
Постои значајна разлика помеѓу посвојувањето и згрижувањето.