3ти Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост

Светот е подеднакво даден на секој од нас. Градиме инклузивно општество каде сите имаат еднакви можности. Не постојат разлики, сите сме исти со исти права и можности. Секое дете има право на љубов и топол дом.
Овој 3ти Декември го поминавме заедно, децата од специјализираните згрижувачки семејства, згрижувачите, стручните лица од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства како и наставниот и стручен персонал од ОУРЦ,,ИДНИНА, изработувавме новогодишни украси, се дружевме, смеевме и пеевме. Секој од нас има удел во животот на децата, особено тие, ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА кои целосно се посветени на децата со попреченост, децата кои се дел од нивното секојдневие и семејство.
Од средбата произлезе договор дека оваа позитивна практика ќе ја применуваме почесто и сите заедно ќе допринесеме кон подобро утре за сите, до еднаквост за сите.
Со љубов!

Напишете коментар