ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во убава и весела атмосфера денес во Зоолошката градина во Скопје го одбележавме Денот на згрижувачките семејства.

Како и досега, така и оваа година овој ден го реализиравме со поддршка на Црвениот крст на градот Скопје на кои им изразуваме огромна благодарност за постојаната и несебична поддршка која ни ја даваат нам, на згрижувачките семејства и децата сместени во нив. За да овој ден биде успешно реализиран тука се и останатите наши пријатели и поддржувачи.

Пред се сакаме да изразиме голема благодарност на ЈУ,, Зоолошка градина ,,Скопје, кои беа во целост ангажирани, за да овој ден насловен како ,,Семеен пикник,, придонесе за многу насмевки, весели лица и радост.

Благодарност на ,,Винчини,, кои не поддржаа и беа дел од настанот.

Голема благодарност до сите кои се обратија на овој ден и дадоа поддршка на згрижувачките семејства.