Обука за згрижувачки семејства ,, Траума информирана грижа,,

На ден 05.12 (среда) и на ден 06.12 (четврток) 2023 година во просториите на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ ДД 11ти Октомври Скопје се одржаа дополнителни обуки на тема ,,Траума информирана грижа,,, кои се дел од дополнителната едукација и јакнење на вештините и знаењата на постоечките згрижувачки семејства.

На обуките учество земаа вкупно 26 згрижувачки семејства.

Обуката беше комбинација на теорија и практични вежби за траумата , за нејзиното влијание врз севкупниот развој на децата, нејзино препознавање и давање на помош и поддршка.

На обука на оваа тема досега поминале околу 90 згрижувачки семејства.