Доделување на Сертификати за помината обука за згрижувачки семејства

На ден 22.09.2023 година во просториите на Центар за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ ДД 11ти Октомври беа доделени Сертификати за помината обука за згрижувачки семејства на втората група нови згрижувачки семејства од почетокот на 2023 година. Со статус на згрижувачки семејства од почетокот на 2023 година се стекнаат вкупно 23 лица. Како Центар за поддршка на згрижувачките семејства продолжува во континуитет да работиме во насока на развивање и проширување на мрежата на згрижувачки семејства кои се најсоодветната и најхумана форма на заштита на деца и лица во социјален ризик.