За секое дете
СЕМЕЈСТВО

Стани згрижувач

За секое дете
СЕМЕЈСТВО

Стани згрижувач

Зошто згрижување?

Семејствата што згрижуваат дете обезбедуваат привремена грижа и поддршка во случаи кога не е можно, не е безбедно или не е во најдобар интерес на детето да живее со своето биолошко семејство. Детето само во семејна средина може да чувствува љубов, поддршка и припадност. Во моментов, многу деца сè уште растат во мали групни домови чекајќи семејство. Деца на кои им е потребно згрижување можат да бидат бебиња од 0 до 3 години, кои чекаат да се разреши нивниот статус, деца што ги загубиле родителите поради смрт или чиешто семејство не може да се грижи за нив поради болест или од друга причина, или деца одделени од семејството поради малтретирање или злоупотреба.

Само 5 чекори
за да станете згрижувач

Контакт со ЦСР

Контактирајте го Центарот за Социјална Работа каде што живеете и пополнете го соодветниот образец.

Информативна сесија

Центарот за Поддршка на Згрижувачки Семејства заедно со Центарот за Социјална Работа извршуваат првична посета во домот, во договор со Вас.

Посета во домот

При посетата во домот, тимот разговара со вас за да ја утврди вашата состојба и вашите потреби и ги оценува следните критериуми: возраст, здравствена состојба, подобност, материјални услови и станбени услови. Нас ни е од клучно значење децата да се пратат во соодветни семејства. На крај, тимот прави проценка на подобноста.

Обука

Доколку проценката е позитивна, Центарот за Поддршка на Згрижувачки Семејства Ве кани на задолжителна обука за вештини на згрижување. Доколку сте заинтересирани за друг тип на згрижување (интервентно, специјализирано, роднинско), Центарот за Поддршка на Згрижувачки Семејства организира дополнитлна обука.

Крајна проценка

Доколку првичната посета во домот и првичната проценка била позитивна и доколку сте присуствувале на задолжитената обука, Центарот за Поддршка на Згрижувачките семејства и Центарот за Социјална Работа прави крајна проценка за Вашата подобност.

Само 5 чекори за да станете згружувач

Спремни сте да станете згрижувач? 

Контактирајте нè